Лидс се соочи со Шефилд Венздеј во важен меч за тимот од „Еланд роуд“. Јоркширската екипа победи со 1:0 и се искачи на второто место на табелата и сега има три бода повеќе од третиот Шефилд Јунајтед, а три бода помалку од лидерот Норич кој својот меч ќе го игра утре.

Голот за победа го постигна Харисон, а стартот на мечот го одбележа еден интересен момент кога шведскиот репрезентативец Понтус Јансен го бакна нашиот интернационалец Езџан Алиоски, а на овој не му се допадна тоа и му удри тупаница.