Во салата „26 април“ може да се видат голем број на спортски работници, денеска во Гевгелија е вистински празник на кошарката. Во центарот на вниманието е Перо Антиќ, актуелниот претседател на Гостивар е во ложата, тој посакува неговиот тим да се најде во Куп-финалето.

Доста интересно е што во негова близина е претседателот на МКФ, Петар Наумоски со кого единствениот кошаркар кој настапува во НБА-лигата е во „војна“. Иако засега нема официјална потврда, сепак на големо се зборува дека Антиќ ќе биде еден од кандидатите за функцијата прв човек на МКФ.