Работнички на трибините имаше поддршка од градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, кој како и сите фанови речиси ги загуби нервите. За разлика од поддржувачите на МЗТ Скопје на крајот салата ја напушти со насмевка, неговиот тим се пласираше во финалето и против Блокотехна ќе се бори за титулата број десет во Купот на Македонија.