Барселона не успеа да слави против Уеска во рамките на 32. коло во шпанската Ла Лига одигран на стадионот „Ел Алкорас“. Мечот заврши со 0:0, а и покрај тоа што беа без Лео Меси и Луис Суарез, а во првиот тим имаше голем број резервни и млади играчи, каталонците беа подобри на теренот меѓутоа недостиг на идеја беше причината што не ја затресоа мрежата на последниот на табелата.

Просечната возраст на тимот на Барса на денешниот меч изнесуваше 24 години и 133 дена, најмладиот што истрчал на еден меч сезонава.

Во второто полувреме влегоа Кутињо, Алба и Артур, но ни тие не помогнаа да се смени резултатот. Барса продолжува да се приближува до титулата и има 74 бода, 12 повеќе од вториот Атлетико кој вечерва ќе игра против Селта.

Вторпат сезонава Барса завршува меч без постигне гол. Претходно не погоди против Атлетик Билбао.