По поразот од Блокотехна со 87:92, кошаркарскиот клуб Гостивар остро реагира на лошото судење кое беше пресудно за поразот oд домаќинот во полуфиналето. КК Гостивар се сомнева во „чистината“ на натпреварот. Тим-менаџерот Бали Саити зборуваше дека неговата екипа е оштетена со намера и упати апел до МКФ да им каже претходно штом веќе го има изрежирано Купот:

„Сакам јавно да изразам благодарност и едно големо браво за тимот на КК. Гостивар. Дечки, се боревте лавовски и срцето го оставивте на терен. И едно да запомните: Единствени победници денес бевте вие. За другото, КФМ подобро ќе беше да кажеше дека се е испланирано, барем да не се мачевме да доаѓаме до Гевгелија и да се бориме за на крај да бидеме обесправени. Напред Гостивар“, напиша Саити на социјалната мрежа „Фејсбук“.