Џејдон Санчо постигна два гола во првото полувреме и ја донесе победата на Борусија Дортмунд на домашен терен над Мајнц со 2:1 за враќање на првото место на табелата и сега ќе стиска палци големиот ривал Баерн утре во Дизелдорф против Фортуна да загуби бодови.

Борусија има два бода предност во однос на Баерн кој е со меч помалку. За „милионерите“ ова е залекување на раните по онаа катастрофа од Баерн во претходното коло кога беа демолирани и го загубија водството на табелата.

Дортмунд останува без пораз на домашен терен сезонава (15 победи и две ремија) исто така постигнале барем по два гола  на 15 бундеслигашки натпревари – нешто што никогаш претходно не го направиле.

Санчо вторпат сезонава постигнува два гола на еден меч, тоа го направи во 9. коло против Херта (2:2). А 19-годишниот англиски репрезентативец е најмладиот играч на Дортмунд кој постигнал 10 гола во една сезона во Бундес лигата.

А Мајнц го доживеа шестиот пораз по ред на гостински терен, а во таа низа прими 19 гола.