Што значи љубов кон еден клуб најдобро докажува навивачот на Нирнберг, кој во својот тестамент остави дел од наследството и за својот омилен клуб. Мафред Лаукенман е фанот, кој на поранешниот германски првак му остави нешто по што сите ќе го паметат.

Благодарение на неговиот подарок тренинг центарот на клубот доби терен со вештачка подлога.

„Во март направен е нов терен со вештачка трева. Поседуваме неколку терени со идеални услови, но до сега имавме само еден со вештачка подлога. Навистина сме изненадени од гестот“, изјави претседателот на Нирнберг, Нилс Росов.

Нирнберг има тешка сезона во Бундеслигата со оглед на тоа дека се 17. на табелата и се пред испаѓање од лигата.