На третиот и последен тренинг пред утринските квалификации за јубилејната 1.000 трка за ГН на Кина, возачот на Торо Росо, Александер Албон, направи хаос на патеката во Шангај.

Албон загуби контрола над болидот и се заби во заштитната ограда пред излезот на стартно-целната рамнина, притоа нанесувајќи му голема штета на своето возило.

Поради тоа Албон воопшто и не се појави на квалификациите.