Екипата на Јувентус го одложи шампионското славење за идната недела откако денеска во рамките на 32 коло изгуби на гостувањето кај СПАЛ иако водеше по првите 45 минути. Јувентус поведе со голот на тинејџерската сензација Моис Кин во 30. минута кој урна клупски рекорд на Алесандро Дел Пјеро.

Кин со 19 години реализира шест голови досега во италијанската Серија А, а Дел Пјеро на 19 години во сезоната 1993/94 постигна пет гола.

Но шампионот беше приземјен во второто полувреме.  Само што почна второто полувреме по корнерот на Шјатарела, Бонифаци со глава го погоди голот на Перин за 1:1, додека во 79 минута Флокари го донесе големиот пресврт на СПАЛ и победа од 2:1.

Интересно ова е само втора победа на СПАЛ над Јувентус во историјата во 36 меѓусебни дуели. Претходната беше во 1957 година.

Јуве идната недела на домашен терен против Фиорентина ќе се спрема за прослава на титулата, осма по ред.