Манчестер Јунајтед им се врати на победите откако вечерва на свој терен го совлада Вест Хем и ги задржа шансите за излез во Лигата на шампионите. Иако потешко од очекувањата „Ѓаволите“ го победија Вест Хем со 2:1 со два гола на Пол Погба од пенали.

Во 18. минута Снодграс го собори Хуан Мата во шеснаесетникот па судијата покажа пенал кој Погба го реализира, на почетокот на вториот дел Вест Хем изедначи со голот на Фелипе Андерсон, но десет минути пред крајот Фредерикс направи прекршок врз Марсијал за 11 метри и Французинот повторно беше прецизен од белата точка за конечни 2:1.

Погба заокружи седум гола од пенали сезонава, а само Лука Миливојевиќ од Кристал Палас има повеќе од него (10).

Инаку уште во деветтата минута Андерсон ја начна мрежата на Манчестер меѓутоа тој гол беше поништен  поради офсајд.

АНГЛИСКА ПРЕМИЕР ЛИГА ТАБЕЛА ОВДЕ