На утрешната пресметка меѓу двата наши најдобри клубови, главен судија ќе биде Дејан Јакимовски, кој важи за еден од нашите најдобри делители на правдата. Него ова ќе му биде четврти пат да им суди на Вардар и Шкендија во последните 10 сезони, во кои овие две екипи одиграле околу 40 натпревари и повеќе, тука ги сметаме и тие во Купот.

Навистина чудно, само четвтрти пат тој ќе биде на центарот на овие мега – пресметки. Интересно е тоа што Шкендија никогаш не го победила Вардар кога тој судел, два меча завршиле без победник а еден во корист на скопските „црвено – црни“. На 17.04.2016 Вардар и Шкендија одиграа 1:1, стрелци на головите беа Фелипе и Алими, на 19.10.2014 Шкендија како домаќин загуби со 1:2, Имери беше стрелец за тетовци а Петковски и Грнчаров за гостите. И во третиот меч кога судел Јакимовски, одигран во декември 2013 година, беше без победник и без голови.