Селекторот на нашата репрезентација по мечот вели дека овој нерешен резултат е рамен на победа, затоа што овие два меча со Исланд ни донесоа 3 бода.

„Честитки за момците, ова беше уште еден квалитетен меч во неколку дена. Ова не е лош резултат, напротив двомеч од кој дојдовме до три бода. Ако ја видиме ситуацијата пред овие два меча, навистина бевме во лоша ситуација. Сега сме во поволна ситуација, па со две победи на следните две средби ќе бидеме први на табелата и ќе бидеме сигурно пласирани и ќе бидеме во поповолна ситуација на ждрепката“.

За разликата меѓу оној меч во Рејкјавик и овој во Скопје, новиот селектор додаде:

„Ова беше потежок меч за нас. Можеби и емоционално бевме испразнети, но ја имавме публиката како наш осми играч. На крајот на мечот ние сме тие кои извадивме реми, иако имавме шанси и да го добиеме мечот. Сепак, мора да признаеме дека игравме со селекција која е во ТОП 10 во Европа и на двата меча останавме непоразени, што е одлично“, вели Брестовац.