Денеска во Велес, со почеток од 16 часот се игра последниот натпревар од 21. коло во Втората лига – Исток. Се игра дербито во оваа конкуренција, се среќаваат Брегалница и Кит Го. За првпат овие две екипи, кои се лути ривали, силите ќе ги одмерат во Велес, а не во Штип или Пехчево.

Со оглед на тоа каде се на табелата се чини дека ова дерби е многу поважно за штипските „сини“, имено тие го фаќаат „последниот воз“ за првите две места, односно за втората позиција на табелата. Се разбира дека има математика  и за Кит Го, но се чини дека овој меч за пехчевци ќе биде само за престиж. Како што велат штипјани има голем интерес за овој дуел со Кит Го, па така ќе има и доста фанови кои организирано, со автобуси, ќе се носат во Велес.