Во последниот меч од 21. коло во Втората лига – Исток, денеска во Велес, Брегалница и Кит Го одиграа 1:1. И со оваа поделба на бодовите и самите си се „удавија“, имено никако не им одговараше по бод, но ете тоа и се случи. Први во водство дојдоа штипските „сини“ со голот на Ристе Наумов во 55. минута, додека Иван Настевски израмни во 75. минута. Сега и двете екипи се далеку, далеку од таа втора позиција, на овој резултат најмногу се радува Тиквеш, па и Кожуф.