Нема простор за разочарување. И бод против Исланд и оди во прилог на македонската репрезентација во битката за пласман на Европското првенство 2020 година. Данило Брестовац и неговите момци го направија неочекуваното, ги победија „рибарите“ на гости и дома освоија бод. Да бидеме реални вакво сценарио никој не очекуваше, особено по оној пораз на Светското првенство.

Македонија по четири одиграни меча е лидер на табелата со пет бода исто колку и Исланд, со две победи на последните две средби како првопласирана ќе заврши во групата што значи од втор шешир ќе ја ждрепката за континенталниот собир.

Затоа момци главите горе!