Ако некој веруваше дека Работнички денеска ќе се влезе по терен и нема да има сили против Блокотехна по оној исцрпувачки меч со МЗТ Скопје дефинитивно се излажа. Главната карика на тимот од „Градски Парк“ се вика Марин Докузовски. Искусниот стратег секогаш знае како да ги мотивира своите момци, а за тактика да не збориме, ова е човекот кој на Македонија и го донесе историското четврто место на ЕП 2011 година.

Марин покажа дека е доктор по одбрана, по онаа слаба игра во втората четвртина ги постави играчите на теренот, Блокотехна немаше простор, на крајот го положи оружјето.

„Резултатот ако го гледате ќе мислите дека лесно дојдовме до победата. Во првото полувреме не игравме добро во одбраната, но потоа во следниот дел станавме поагресивни и заслужено го освоивме трофејот. Секој трофеј е драг, овој момент за нас е посебен бидејќи одамна го немаме освоено Купот“, рече Марин Докузовски по мечот.