Интер славеше на гостувањето кај Фрозиноне со 3:1 и успеа да се зацврсти на 3. место во Серија А лигата. Вечерва во едно одлично прво полувреме, момците на Спалети дојдоа до капитал од 2:0, кој успешно го изменаџираа во остатокот од мечот и дојдоа до планираните бодови.

Наинголан го откри резултатот со гол во 19.минута, за Перишиќ од пенал во 37. да зголеми и на 2:0. Во вториот дел домашните се вратија со голот на Касата во 61. минута за 1:2, додека Весино со голот во судиското продолжение само го потврди успехот на „нероаѕурите“.

Миланскиот состав сега е со 5 бода предност пред Милан кој е на 4. место, додека Рома заостанува 6 бода на 4. позиција.