Ливерпул го совлада Челси со 2:0 и остана на првото место на табелата во Премиер лигата, но претходно Манчестер Сити го совлада Кристал Палас со 3:1 па така разликата меѓу двете екипи остана иста. Ливерпул води со два бода повеќе од Сити кој има и меч помалку.

„Црвените“ ја исполнија задачата. Ова беше голем тест на нивните можности, а со головите на Садио Мане и Момо Салах во период од само две минути (од 51 до 53. минута) го совладаа Челси. Посебно убав беше голот на Салах. Египќанецот испрати проектил кој Аризабалага не можеше да го одбрани.

ТАБЕЛА (КЛИКНИ ОВДЕ)