После нешто повеќе од една година престој во „црвено-црниот“ дрес, Максим Максимов не заигра повеќе Вардар.Тој не игра за „црвено-црните“ од ноември минатата година (немаше регулиран престој), а од денеска ќе може да бара нова средина откако ги доби документите дека е слободен фудбалер.

Тој преку својот профил на „Фејсбук“ се заблагодари на Вардар, на сите фудбалери, тренери, и на сите навивачи. Посака победи и титули во иднина.

И натаму не е познато каде ќе продолжи Максимов во иднина. Дојде како големо засилување на тимот од Тракаи, со кој Вардар имаше и спор за неговиот ангажман, но дефинитивно од рускиот напаѓач се очекуваше многу повеќе, а тој ни одблиску не ги оправда очекувањата на сите во Вардар.