Иако Исланд е репрезентација за почит, и секако има поголема традиција од Македонија и секако подобри резултати, сепак кај секој наш ракометар ќе остане жалењето за пропуштената шанса, по вторпат во само четири дека да се совлада оваа голема селекција.

Но, убаво кажа Дејан Манасков по ремито, спортот е таков, некогаш ти дава се, некогаш ти зема. Во случајов Македонија не е оштетена, напротив имаме шанси да завршиме први во квалификациската група, а со ова реми и победата на гости треба да бидеме повеќе од задоволни.

„Жалосно, го имавме мечот во свои раце, можевме уште еден бод извлечеме, но кога ќе сумираме од овие два натпревари, некој да ни кажеше дека ќе добиеме два бода од двата дуели сите ќе прифатевме треба да сме задоволни. Штета што испуштивме имавме еден гол разлика и напад, да го решиме мечот. Тоа е спортот некогаш се греши, како што тие ни го поклонија голот во Исланд, така денеска им вративме. Знаевме дека ќе биде потешко дека Исланд ќе дојде поспремен, се виде на терен до 50. минута имаа водство, станува збор за една квалитетна репрезентација. Треба да бидеме задоволни со две победи, имаме шанса да завршиме први“, изјави Дејан Манасков.