Шпанска Марка тврди дека српскиот фудбалер Лука Јовиќ е нов играч на Реал Мадрид, а трансферот го најави на својата насловна „Јовиќ е нова деветка“.

21-годишниот српски напаѓач, кој е играч на Бенфика, но во моментов е на позајмица во Ајнтрахт, каде сезонава постигна 25 гола на 39 натпревари, последниот токму во дуелот против клубот со кој има активен договор.

Според Трансфермаркт Јовиќ во моментов чини 55 милиони евра, додека Марка вели дека откупот на договорот на Србинот ќе чини 70 милиони евра.