Работнички го слави десеттиот пехар во Купот на Македонија, во финалето, благодарение на одличната одбрана ја совлада Блокотехна.

Капитенот на тимот од „Градски парк“, Димитар Мираковски откри каков бил договорот, што ги мотивирало дополнително.

„Пред крајот на првото полувреме се создаде некоја нервоза, ние не сме екипа која игра слабо во одбраната. Се ветивме дека ќе дадеме се од себе, ќе гинеме на теренот, оти вчерашната победа над МЗТ Скопје ќе беше џабе. Успеавме во тоа, се радувам на овој пехар“.