Македонската ракометна репрезентација е пред добра шанса да направи голем чекор кон пласманот на Европското првенство 2020 година. По триумфот на гостувањето во Рејкјавик, нашите момци посакуваат нова блескава партија пред домашната публика.

Свесни се дека ќе биде тешко, но токму полните трибини им даваат и тоа како надеж за уште едно фантастично издание.

„Не очекува тежок меч. Исланд во Скопје дојде помотивиран, ќе сака да го надокнади она што го загуби пред своите фанови. Подготвени сме да одговориме на нивната игра, сакаме да го одбраниме домашниот терен. Ќе имаме голема поддршка од трибините, полната сала секогаш е плус мотив за нас, и поголеми репрезентации паѓале во Скопје“, вели Митревски пред дуелот со Исланд.