Пилотот на Сузуки, Алекс Ринс ја оствари својата дебитантска победа во кралската класа во светскиот шампионат во мотоциклизам, откако вечерва триумфираше на трката во САД. Во битката со ветеранот Валентино Роси, Шпанецот успеа да стане првиот возач кој победил на патеката во Остин во сите три класи.

Големиот фаворит Маркес Маркез со Хонда неочекувано падна во десеттиот круг иако водеше со дури 3 секунди пред конкурентите. По елиминацијата на Маркес, Докторот ја поведе колоната по што му се приклучи Ринс и двајцата почнаа да се одделуваат од колоната. 

23-годишниот Ринс успеа да го мине Докторот на четири круга пред крајот, а и покрај обидите да се врати на чело, Валентино остана на второ место. Австралијанецот Милер заврши на третото место.