Славица Наков, очекувано ги доби двете главни признанија. Искусната кошарката на Вардар е прогласена за МВП и најдобар стрелец на Купот на Македонија, во финалето постигна 26 поени.

„Го знаеме квалитетот на женската кошарка во Македонија, па едвај го чекавме Купот на Македонија и пресметките со подобрите противници. Премногу ја посакувавме победата, го дадовме максимумот, не брзавме одигравме паметно, го искористивме добриот скаутинг. Мојата желба во овие две години како член на Вардар е да ја освоиме шампионската титула“, рече по мечот Наков.

За тренерот на Вардар, Жаклина Стојановска ова беше прва титула како главен предводник на тимот. Исто како и нејзината најдобра кошаркарка посака двојна круна сезонава.