Вардар го одбрани трофејот во Купот на Македонија, третпат во низа во финалето го совлада Бадел со 40-50 (10-11, 13-15, 6-11, 11-13) за продолжување на доминацијата. Славица Наков беше нерешлива енигма за противникот, искусната кошаркарка во водеше својот тим кон победата, зад своето име запиша 23 поени, зад неа беше Василевска со 16 поени. На другата страна Лазаревска со 10 поени беше единствената кошаркарка со двоцифрена броја, запиша 10 поени.

Во скромната игра на двете страни без многу поени, „црвено-црните“ подобро се снајдоа. Бадел поведе со 8-2, по што избраничките на Жаклина Стојановска направија серија од 9-0 и поведоа со 8-11.

До крајот не дозволија противникот да направи нов пресврт, во третата четвртина го најавија триумфот, кој пак го заверија во последниот период.