Пополека стигнавме до 28.коло на македонската прва лига. Ситуацијата е следна: Шкендија е прва со 62 бода, Вардар е втор со 50, а Академија Пандев е трета со 46… Тоа се позициите кои водат во Европа идната сезона.

Во недела на програмата дербито на најдобрите тимови во државата Вардар и Шкендија. Скопските „црвено-црни“ врзаа две ремија на последните две кола и со тоа практично се отпишаа од шампионската трка која може да биде решена ова коло ако тетовските „црвено-црни“ победат. Со тоа би избегале на уште поголеми 15 бодови и речиси ништо повеќе нема да може да ги спречи во ново шампионско славење.

МАКЕДОНИЈА 1 – 28.КОЛО

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
Недела, 16.00 ч.
Шифра: 1965

ПРЕДЛОЗИ
ТГГ          ГГ            2,00
КМБ      Х2&2+   1,90
* Квотите подлежат на промени

СИТЕ КВОТИ ОВДЕ

„Вардарци“ во вториот дел од сезоната играат без инспирација, како да чекаат да заврши првенството и да почнат со консолидирање на редовите. Она што е впечатливо е што најтрофејниот македонски клуб на последните шест кола одигра тврдо и со 0-2 гола. Дури на четири имаше и 0-1.

Од друга страна Шкендија нанижа пет победи вклучувајќи ја и онаа против незгодните Академија Пандев и Ренова во последните две кола. Што се однесува до меѓусебните дуели, на двата последни имаше малку голови (0-2) и двата ги доби Шкендија. А сега убедени сме дека тетовчани нема да загубат, а ако не верувате во двојката пробајте ГГ.