Милан забележа многу важна победа над Лацио во борбата за пласман во Лигата на шампионите, а единствениот гол за победа од 1:0 го постигна Френк Кеси од пенал. По последниот свиреж на судијата Роки, играчите на двата тима се обидоа да се пресметаат но ситуацијата бргу се смири.

Следуваше интересен момент кога Темуе Бакајоко и Френк Кеси ја прославуваа победата со дресот на Ачерби во рацете. Но постои и причина за тоа.

Во најавата за натпреварот Ачерби изјави дека Лацио е подобар од Милан на секоја позиција, а Бакајоко само кратко му одговори: „Добро, ќе се видиме во сабота“.

Па двоецот на Милан само го потсетија на неговите зборови, а Ачерби повторно реагираше.

„Жал ми е што го сменив дресот и да не морам да го гледам ова глупирање. Провокацијата не е спорт туку слабост“, изјави Ачерби.