Руската репрезентација не успеа да и се одмазди на Унгарија за поразот на домашен терен. „Зборнаја“ имаше водство, имаше резултат, особено во првото полувреме (11-15), но на крајот успеа да извлече само реми.

Иако за овој дуел селекторот на рускиот национален тим, Едуард Кокшаров најави дека нема да смета на Данил Шишкарев и Сергеј Горбок поради повреди. Но, и двајцата ракометари се најдоа во составот на најдобриот национален тим.

По највисоката предност од пет гола 18-23, Унгарците направија серија од 5-0 и се изборија за голем бод, со кој се зацврстија на првото место на табелата со седум бода, два повеќе од Русија.

Дибиров и Калараш со шест погодоци беа први стрелци, еден гол помалку имаше Шишкарев, додека Горбок не се запиша во листата на стрелци. Од Вардарците во листата на стрелци се запиша и Кисељев имаше два гола.