Актуелниот шампион Луис Хамилтон е победник на ГН на Кина, на патеката во Шангај, на јубилејната 1.000-та трка во Формула 1. Хамилтон, кој од втората позиција ја стартуваше трката уште на почетокот го мина клупскиот колега Валтери Ботас, кој беше на пол-позицијата и потоа рутински дојде до победата.

Ова беше еден-два победа на Мерцедес, со оглед на тоа дека Ботас заврши како втор.

Со шестата победа на патеката во Шангај, Хамилтон е нов лидер во генералниот пласман со 68 поени.

Себастијан Фетел со Ферари заврши на третата позиција, додека Макс Ферстапен во Ред Бул се најдоа на следните две позиции.