По се она што беше во 1991 година, сите го видоа како шестата Ѕвездина ѕвезда. Ако некој заслужуваше од таа генерација на екс европскиот и светски првак да биде наследникот на Митиќ, Шекуларац, Џајиќ, Петровиќ и Стојковиќ Пикси, тоа беше само Дејан Савичевиќ. Но генијалецот тоа признание никогаш не го доби.

„Не бев, што се вели, политички подобен. Знам кој и зошто тоа да го спречи, искрено ако некој заслужуваше од таа златна генерација на Црвена Ѕвезда, тоа бев јас и Просинечки. Но ете…инаку јас секогаш ќе бидам ѕвездаш во срце, титулата во Бари ми е нешто најубаво во животот“ истакнал Савичевиќ.