Бранителот на титулата Голден Стејт беше единствениот тим на стартот на плеј-офот во НБА лигата, кој се радуваше на домашниот паркет, додека во останатите три дуели гостите беа оние што се радуваа.

Вориорс рутински славеа над Л.А. Клиперс 121:104, во меч во кој доминираше Стеф Кари со 38 поени, 15 скокови и седум асистенции. Кевин Дурент постигна 23 поени, додека Дрејмонд Грин 17. Во редовите на Клиперс најефикасен беше Харел со 26 поени.

Денвер загуби од Сан Антонио во првиот меч од четвртфиналето на плеј-офот во Западната конференција со 101:96. Нагетси во текот на целиот меч бркаа негатива и иако во финишот успеаја да се доближат, еден избрзан шут на Мари на 13 секунди до крајот значеше и крај на шансите за пресврт.

Кај Сан Антонио Демар Дерозан со 18 поени и 12 скока беше прв стрелец, додека кај Денвер, Гери Херис постигна 20, а Мари 17 поени.

Орландо пак направи бреј во првиот меч од плеј-офот на Истокот, со победа во Торонто, 104:101. Ди-Џеј Огастин (25 поени) беше херојот за тимот од Флорида, кој на четири секунди до крајот погоди тројка. Кавај Ленард, кој беше и најефикасен (25 поени) се обиде да возврати по тајм-аутот, но не беше прецизен.

Бруклин со 111:102 славеше против Филаделфија предводена од Дианџело Расел, 26 поени и Карис Леверт 23 поени. На Филаделфија не и помогна ни сјајната партија на Џими Батлер, кој мечот го заврши со 36 поени.

НБА ПЛЕЈ-ОФ

Голден Стејт – Л.А.Клиперс  121:104

Денвер – Сан Антонио         96:101

Торонто – Орландо   101:104

Филаделфија – Бруклин       102:111