Крсте Велкоски не успеа да реализира пенал во 95. минута на големото дерби во босанската Премиер лига против Широки на Гоце Седлоски, па на крајот дуелот на „Кошево“ заврши без постигнат гол. Иако домашните имаа повеќе шанси, а во последните 20 минути и играч повеќе по црвениот картон за гостинскиот фудбалер Чориќ, на крајот не успеаја да слават.

Широки Брег одигра машки меч и остана непоразен. По ова коло Сараево останува убедливо лидер со 57 бода, додека Широки е на 3. место со 40. Главната закана за Сараево и Велкоски е екипата на Железничар, која е на 4 бода од лидерот.