Селекторот Игор Ангеловски од вчера е во Будимпешта каде синоќа го следеше „македонското дерби“ меѓу МОЛ Види и Ујпешт, а денеска е на кафе – муабет со нашите тројца репрезентативци кои играат во Унгарската Прва лига, Стефан Спировски, Бобан Николов и Кире Ристевски. Секако дека Мрме најмногу се интересираше за тоа во каква состојба е неодамна оперираниот Спировски.