Според информациите кои доаѓаат од Островот, Оле Гунар Солксјер ќе има буџет од 200 милиони фунти со цел да ги реши проблемите на „Олд Трафорд“.

Главна цел на „црвените ѓаволи“ во моментов е Лондон, станува збор за везниот играч на Тотенхем Кристијан Ериксен, кој воодушевува со своите игри од меч во меч.

Данецот, Јунајтед ќе го чини 95 милиони фунти, доколку се согласи да го облече нивниот дрес, тој ќе заработува многу повеќе, се споменува бројка од 240.000 фунти неделно.

Норвешкиот стратег во потрага е по играч на позицијата лев бек. Кандидат е Ван-Бисака, фудбалерот на Кристал Палас, кој ќе го чини околу 40 милиони фунти,