Македонскиот „воин“ Даниел Стефановски ја освои светска титула во К-1 на ИСКА, една од најголемите кик боксерски организации, откако во Цирих, Швајцарија во категоријата до 81 килограми го победи Софијан Алилуш од Франција и тоа со нокаут во првата рунда.

Ова е втора титула за Стефановски во кариерата по онаа од минатата година кога стана светски шампион во Суперкомбат.