Работнички и Блокотехна ќе се борат за пехарот во Купот на Македонија. И двата тима до финалето стигнаа откако добро се испотија, полуфиналните дуели беа решение по голема драма, а судиите имаа полни раце работа…

Токму лицата за делење на правда на теренот се најдоа во центарот на вниманието, особено по поразот на Гостивар од Блокотехна. Од клубот јавно истакнаа дека биле ограбени во решавачките моменти, според многумина финалето не било резервирано токму за нив.

Кошаркарите на крајот не можеа да се воздржат, па по завршување на средбата ги нападнаа официјалните лица, поголем инцидент не се случи, навреме сите се свестија.  Сигурно Гостивар кој тврди дека е оштетен ќе добие и парична казна, секако доколку официјалните лица поднесат жалба.

Водени од лошото искуство на своите колеги, новата тројка задолжена за Работнички и МЗТ Скопје во моментите на несигурност го користеше правото на прегледување на снимката. Имаше моменти кога „црвено-белите“ реагираа бурно, но секако во иста мера истото се случуваше и на спротивната страна на теренот.

Не можеме да судиме, но и на двата натпревари имаа грешки, но истите гледаа да бидат добро избалансирани…

Ако вчера беше „жешко“ на паркетот во Гевгелија, можеме да замислиме како ќе биде денеска, секоја грешка на судиите ќе биде лошо протолкувана…Нема да прости Блокотехна, а уште помалку Работнички, кој и онака веќе е во војна со МКФ.

Затоа да си посакаме фер и кореткно финале, како што големите умеат да кажат – ПОДОБРИОТ НЕКА ПОБЕДИ!!!