Илија Несторовски повторно во елемент. Нашиот репрезентативец во 42. минута ја погоди мрежата на Беневенто за водство на Палермо на ова гостување во популарниот „град на вештерките“ во Италија.

Несторовски доби убава топка од Мате Јајало, а потоа не му беше тешко да ја погоди мрежата на домашните. Тоа е негов 12-ти гол во Серија Б сезонава.