Како што се очекуваше Блокотехна и Работнички приредија фантастично финале, кое на крајот го доби тимот од „Градски Парк“, славеше со 71-85 (17-22, 32-23, 10-20, 12-18) и дојде до десетата титула во Купот на Македонија.

Избраниците на Марин Докузовски не делуваа изморено, иако вчера дури по две продолженија го совладаа МЗТ Скопје, нивното искуство и желба да си заминат со пехарот беше поголема, на крајот сосема заслужено се радуваа на првата титула оваа сезона. Би рекле повеќе се намачија против „сино-белите“, отколку со гевгеличани.

Костов со 25 поени беше најефикасен, Караџовски имаше 11 поени, додека Чековски запиша 11. Во редовите на поразениот тим имаше Фундебург имаше 28 поени.

Многу поени „паднаа“ во првото полувреме, вкупно 94. Работнички беше многу подобар во првата четвртина, имаше водство од 7-13 во петата минута, позитива со која влезе во вториот период. Гевгеличани носени од расположениот Фундебург, кој постигна 19 поени во првиот дел брзо ја стопија негативата, на минита и пол до одморот поведоа со 49-42. Костов постигна тројка за 49-45.

„Црвено-белите“ по слабата игра во одбраната во втората четвртина, по паузата ја стегнаа дефанзивата, што пак вроди плод и во нападот, со осум поени во низа на Костов и Чековски, го вратија водството 51-56, стигнаа до највисоки плсу седум до овој дел од мечот 56-63.

Работнички продолжи со цврстата одбрана до 33. минута, кога Блокотехна со поените на Думиќ и Пен намали на 63-68. Караџовски со три тројки во низа на четири минути до крајот донесе прва двоцифрена предност 63-77. Немаа сили гевгеличани да се вратат целосно, на крајот мораа да се помират со поразот во финалето.