Манчестер Јунајтед дојде до победа против Вест Хем во меч од Премиерлигата, 2:1 со пресврт, кој го донесоа двата прецизно изведени пенали на Пол Погба.

Ваквиот расплет на настаните ги разбранува социјалните мрежи кои излегоа со интересна статистика.

„Црвените ѓаволи“ се рекордери по број на пенали сезонава, 12 пенали досега (повеќе од сите останати во Лигата), додека Погба има дури седум постигнати гола од 11 метри.

Само Руд ван Нистелројд има постигнато повеќе од него досега во клупската историја, во сезоната 2002/2003, има постигнато осум гола од пенал за Манчестер Јунајтед во Премиерлигата.