Очекувано, полни трибини ќе има и за финалната пресметка меѓу Блокотехна и Работнички, кој е закажан со почеток во 17:30 часот. Оваа информација ја потврди и МКФ на својата официјална „Фејсбук“ страница.

По освојувањето на БИБЛ-лигата, гевгеличани посакуваат да дојдат до вториот пехар сезонава, прв во Купот на Македонија, додека на другата страна Работнички ја брка десетата титула.