Никола Јакимовски во вистински момент погоди за голем бод за АЕЛ Лариса во дуелот со големиот ПАОК на домашен терен. Гостите од Солун поведоа со прекрасниот гол на Пелкас во 55. минута, а Јакимовски во 64. минута го изедначи резултатот со шут откосо.

Тоа е прв гол за нашиот играч за врска за АЕЛ Лариса по трансферот од италијанскиот Бискеље во јануари оваа година.