Ова се официјалните состави на двата тима за денешното 56. дерби во Првата македонска фудбалска лига. Кај Вардар немаше поголеми изненадувања. Една измена од минатиот меч е Најдовски ќе игра на местото на Димоски. Најдовски беше повреден, но сега се врати и тој е во составот, а минатиот меч тргна од клупата. Вардар ќе почне со стандардната 4-2-3-1 формација.

Шкендија исто така ќе биде во формација 4-2-3-1. Ќатип Османи има проблеми во одбраната, па така на местото на Бејтулаи, ќе настапи младиот Садриу. Агим Ибраими ќе биде зад истурениот Фазли. Повратникот Радески, овој пат, ќе чека шанса од клупата.