МВП играчот на сезоната, лидерот на Милвоки, Јанис Адетокумбо имаше своја вечер во дуелот против Детроит (121:86), со дабл-дабл учинок, 24 поени и 17 скокови за само 23 минути на паркетот.

Но, она што ќе влезе во историјата е неговата контра, во која ја заби топката во обрачот со отскок од линијата за слободно фрлање.