Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски присуствуваше на натпреварот помеѓу Мол Види и Ујпешт (2:1) и на дело да ги види нашите интернационалци кои настапуваат за двете екипи Бобан Николов и Кире Ристевски. Ангеловски се сретна со нив, а и со Стефан Спировски кој настапува за Ференцварош и кој моментално е повреден. Она што го импресионира нашиот селектор е што Николов одбра супер клуб за работа и за напредок. Мол Види дефинитивно е еден од најатрактивните и најдобрите средини за работа.

„Тука сум од две причини поради Бобан Николов кој игра за Мол Види и Кире Ристевски кој настапува за Ујпешт. Исто така ќе присуствувам и на куп дуелот со Диосѓер во вторник. Сакав одблиску да ги видам настапите на овие играчи. Мое мислење е дека Бобан е фантастичен играч и одлична личност. Сакам лично да им се заблагодарам на тренерскиот штаб на Мол Види и на тренерот Марко Николиќ кој ги го враќа Николов во фантастична форма за време на интернационалните средби. Јас сум среќен што тој напредува од недела во недела, мислам дека му е погоден клубот. Она што го видов во Видеотон е што овој клуб располага со големи можности. Има одлична инфраструктура, прекрасен стадион и се е на високо ниво. Мило ми е што Бобан игра тука“, објасни Игор Ангеловски за клупскиот сајт на „Мол Види“.

НА ОВОЈ ЛИНК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА СРЕДБАТА НА АНГЕЛОВСКИ СО НИКОЛОВ, РИСТЕВСКИ И СПИРОВСКИ