Она што се шпекулираше постојано, сега доби потврда. Перо Антиќ за првпат јавно најави дека ќе се кандидира за претседател на македонската кошаркарска федерација. Некогашниот капитен на нашиот најдобар национален тим и единствен Македонец кој настапувал во НБА-лигата изминатите години е еден од главните противници на политиката на се уште актуелниот прв човек на МКФ, Петар Наумоски, чиј мандат завршува.

„Спортмедиа“ дознава дека Наумоски ќе свика Собрание на МКФ по завршување на првенството. Тој ќе се повлече, нема да поднесе нова кандидатура. Еден од противниците на Антиќ ќе биде Владимир Темелковски кој силно “гризе“ кон претседателската фотелја, а за да стигне до таму помош ќе добие токму од Наумоски, кој попрво би го дал своето место на Темелковски, отколку на Антиќ.

Но, како ќе биде останува да видиме наскоро. Последниот кандидат за прв човек на МКФ е Есад Рахиќ.