Очекувано, Вардар со победа ја започна одбраната на титулата во домашниот шампионат. „Црвено-црните“ речиси без повеќе од половина тим на свој терен го совладаа Пролет со 33-26 (16-15).

Роберто Гарсија Парондо не сметаше на Шишкарев, Калараш, Дибиров, Горбок, Кисељов, Карачиќ, Кристопанс, Стоилов, кои имаа репрезентативни обврски и се очекува веќе утре да се приклучат на тимот.

Поповски со девет гола беше прв стрелец, зад него беа Чупиќ и Војводиќ со по пет погодоци, на другата страна Пролет, Аларов и Џонов имаа исто пет гола.

Вардар утре игра нов дуел, против Еурофарм Работник во салата „Боро Чурлевски“.