Хаос во кошарката! Куп викендот помина, а проблемите останаа. МКФ ги остави за да ги решава денеска, но и натаму се нема огласено по обвинувањата од страната на тимот од „Градски парк“, но целосна завршница ќе добиеме за два дена.

На барање на Работнички е закажана средба на Здружението на прволигашите, на која ќе присуствува првиот човек на МКФ, Петар Наумоски, како и претставници на Арбитражната комисија. Овој состанок ќе се одржеше и порано (вторник), но Наумоски имал работа, дознава „Спортмедиа“.

Војната на тимот од „Градски парк“ почна пред Купот на Македонија. Од таборот на најтрофејниот кошаркарски колектив истакнаа дека намерно се оштетени, од МКФ не им дозволија да го регистрираат  регистрираат американскиот кошаркар Ксавиер Џонсон. 

Ова не е единствената забелешка, Работнички ја обвини нашата „куќа на кошарката“ за непочитување на донесените правила пред стартот на сезоната и поднесе барање за постапување според правилникот на МКФ, да се суспендираат сите клубови кои не ги исплатиле своите обврски кон федерацијата.

Доколку МКФ не работи според правилата, од таборот на најтрофејниот кошаркарски колетив правдата ќе ја бараат по судиски пат, најавена е кривична пријава, дознаваме дека првите луѓе на клубот имаат црвсти докази.