Арсенал рано поведе на гостувањето кај Вотфорд во последниот меч од 34.коло во англиската Премиер лига. Домашните дефанзивци си подаваа меѓу себе, а Обамејанг мудро го следеше движењето на топката, а потоа му се фрли на голманот Фостер и постигна гол. Набргу потоа Вотфорд остана со десет играчи поради исклучувањето на Денеј. Арсенал си го отвори патот до нова победа, важна во битката за место во ЛШ.