Македонската ракометна репрезентација забележа реми на дуелот со Исланд во Скопје. Голот кој Дејан Манасков го постигна со звукот на сирената, летонските судии го поништија, на крајот исланѓаните се спасија и со бод си заминаа од нашиот главен град.

Но, семафорот на ТВ покажува нешто друго. Манасков сепак бил побрз од времето и топката е во голот пред истекот. За жал мечот не може да се врати, ниту пак постои можност за враќање за враќање на снимката, како што тоа е во фудбалот, а го видовме и за време на кошаркарскиот Куп на Македонија.